„СпортИталија“
тврди дека италијанскиот првак Јувентус започнал преговори со Рома околу
можноста да се ангажира искусниот босански напаѓач Един Џеко, како алтернативна
опција за Аркадиуш Милик и Алваро Мората.
Новиот тренер на
„Старата дама“, Андреа Пирло посакува цврст и мошне вреден напаѓач на теренот
во неговиот состав, напаѓач кој е мошне умешен во казнениот простор на
противниците.
Милик е долго
посакувана желба на Јувентус, вклучително и во перодот под кормилото на
Маурицио Сари, но Наполи не отстапуваше од бараните 50 милиони евра за полскиот
интернационалец.
Од друга страна
пак, поранешниот соиграч на Пирло, Мората е исто така опција, а Шпанецот не
може да се пофали со добри изданија во дресот на Атлетико Мадрид, па не се
исклучува можноста да се врати во Торино.
Како и да е, тв
каналот „СпортИталија“ извести дека од Јувентус веќе започнале првични
преговори со Рома околу можноста да се ангажира Џеко, напаѓачот кој е дел од
Серија А од 2016. година, а има важечки договор со „Римската волчица“ до 2022.
година.