Јувентус за својот У23 тим купи 32-годишен фудбалер

by
1 минути читање

Јувентус ангажираше 32 годишен фудбалер, но не за да биде дел од првиот тим, туку за тимот под 23 години.

Младинскиот тим на Јувентус игра во Серија Ц и амбициите се промоција во Серија Б.

Со самото тоа што Јувентус У23 се натпреварува во Серија Ц, а не во младинска лига, дозволува да се ангажираат и постари фудбалери.

Покрај новиот играч, тие имаат уште неколку кои се постари од 23 години, Стефано Гори (24), Дарио дел Фарбо (25), Тимоти Ноки (30) и Рафаеле Алчибиаде (30).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани