Јувентус во пол-позиција за Алаба

by
1 минути читање

Јувентус е
фаворит во битката за потписот на 28 годишниот бек на Баерн Минхен, Давид
Алаба, чиј договор со германскиот првак истекува идното лето, а повеќе од
веројатно е дека обете страни нема да се договорат на продолжување на
соработката.

Постои можност
Алаба да си замине од Баерн Минхен уште во јануарскиот преоден рок со одреден „попуст“
за заинтересираните клубови, а „Тутоспорт“ пишува дека шефот на стручниот штаб
на Јувентус, Андреа Пирло има високо мислење за бекот, за кого интерес имаат
пријавено уште и Ливерпул и Реал Мадрид, а ис
товремено, се
верува дека актуелната ситуација со Алаба ја следат уште Манчестер Сити и ПСЖ.

Што се однесува
пак до разнишените односи помеѓу Алаба и Баерн Минхен, дефанзивецот јавно го
искритикува првиот човек на клубот, Херберт Хаинер поради тоа што клубот се
повлекол од нивната понуда до фудбалерот за пет годишен договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани