„Старата дама“ одново опипува терен за ангажман на Сергеј Милинковиќ Савиќ, Јувентус сака да го искористи тоа што Србинот е под договор со Лацио до јуни 2024 годинa и во моментов одбида да седне на преговори за продолжување на соработката.
Кога изминатиов викенд двата клуба ги одмерија силите во Торино, домашните навивачи со аплауз го испратија популарниот СМС кога тој беше повлечен од игра.
Како што пренесува Тутомеркатовеб, Јувентус е подготвен да понуди 50 милиони евра плус бонуси во зимскиот преоден рок.
Но оваа сума е само половина од тоа што го бара Клаудио Лотито, првиот човек на Лацио денеска уште еднаш порача дека цената на Сергеј Милинковиќ Савиќ е 100 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.