Јувентус тргнува по Милинковиќ-Савиќ, но ќе треба добро да плати

by
1 минути читање

Погба го повреди коленото и може да биде во аут до крајот на годината, дислокација на рамото заработи Вестон Мекени, па и тој ќе паузира извесно време.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека поради повредите, Јувентус сака да го ангажира Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Тие веќе имале контакт со агентот на Милинковиќ-Савиќ, Матеја Кежман, но проблем е Лацио. Римскиот клуб нема да го продаде Србинот за сума помала од 60 милиони евра.

Клаудио Лотито важи за тврд преговарач, па нема намера да попушти.

Доколку Јувентус го сака Милинковиќ-Савиќ, ќе треба да ја плати сумата која ја бара Лацио,

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани