Јувентус со победа ја започна новата ера под водство на Лучијано Спалети, откако вечерва славеше на гостувањето кај Кремонезе со 1-2 во натпревар од десеттото коло во Серија А.
Стартот на мечот во Кремона беше идеален за гостите. Веќе во втората минута Филип Костиќ ја затресе домашната мрежа и му донесе водство на Јувентус.
Во второто полувреме тимот на Спалети ја зацврсти контролата и ја удвои предноста преку Андреа Камбиасо, кој во 68. минута со прецизен удар погоди за 0-2. Кремонезе не се предаде и во финишот успеа да намали, откако искусниот Џејми Варди во 83. минута го совлада Ди Грегорио и ги постави конечните 1-2.
Јувентус сега има 18 бодови, додека Кремонезе остана на 14 поени.