И Јувентус застана во редот за Лео Меси. Според пишувањата на „Л’Екип“, раководството на „старата дама“ имала дискретен пристап и разговор со Хорхе Меси за да го опипаат теренот.
Весникот додава дека „бјанконерите“ сонуваат за дуо Роналдо-Меси, односно двајцата најдобри фудбалери на денешницата, кои заедно имаат 11 „Златни топки“.
Интересно, „Л’Екип“ претходно во денот објави дека спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо исто така му се јавил на таткото на Лео Меси, се распрашувал за ситуацијата на Аргентинецот и дали е расположен за преселба во Париз.
Хорхе Меси му се заблагодарил на Бразилецот за интересот на ПСЖ и го известил дека нивна следна дестинација е Манчестер Сити, односно соработка со Пеп Гвардиола.
„Л’Екип“ сепак не наведува каков одговор добил Јувентус.