Јувентус со ултиматум до Тијаго Мота: Двајца фудбалери мора повторно да бидат главни

by bojan
1 минути читање
Јувентус

Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џинтоли испратил јасна порака до Тијаго Мота, повеќе не треба да експерементира со тактиката, плус Душан Влаховиќ и Кенан Јилдиз повторно да бидат главни играчи во составот.

„Старата дама“ е во криза откако забележа два тешки порази во пресметките со Аталанта и Фиорентина, па беа одржани неколку состаноци.

Раководството на Јувентус веднаш се стретна со Тијаго Мота и побара две работи од тренерот – да ја подобри стабилноста на дефанзивата и да го подигне тимскиот дух.

Последните информации велат дека спортскиот директор Кристијано Џинтоли имал нов состанок со Тијаго Мота на кој бил поставен нов ултиматум, односно стратегот не треба да експериметиран со тактиката, плус Душан Влаховиќ и Кенан Јилдиз повторно да бидат главни играчи во составот.

Србинот често е во втор план изминатиов период, додека пак Кенан Јилдиз повеќе не блеска како што тоа го правеше на почетокот од сезоната.

Исто така, Кристијано Џинтоли планира да разговара со секој фудбалер поединечно, за да им стави до знаење дека и тие треба да преземат вина за слабите резултати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани