Јувентус со прва понуда за Мората, три пати помала од откупната клаузула

by
1 минути читање

Алваро Мората се
споменува како една од опциите на Јувентус за засилување на нападот, и според
пишувањата на Марка, „старата дама“ доставила конкретен предлог.

„Бјанконерите“ понудиле
50 милиони евра за да го вратат Шпанецот во своите редови.

Сепак, Атлетико
Мадрид веднаш го одбил овој предлог, „колчонероси“ посочуваат на откупната
клаузула која е поставена на 150 милиони евра.

Јувентус нема
намера да плати ваква сума, особено сега кога има огромни дупки во буџетите
поради коронавирус кризата.

Останува да се
види дали клубот од Ванда Метрополитано ќе го промени ставот, но јасно е дека
Јувентус ќе мора на маса да стави многу повеќе со оглед на тоа дека Атлетико
Мадрид пред месец дена на Челси му плати 55 милиони евра за во целост да
го купи Алваро Мората како дел од спогодбата во 2019 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×