Јувентус со пресврт убедливо го победи Емполи (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Јувентус иако губеше по првото полувреме, со 4-1 го совлада Емполи и им се врати на победите по три меча во низа без триумф.

Емполи поведе уште во четвртата минута со гол на Де Шиљо. Тоа беше студен туш за домаќините.

Во вториот дел новото засилување, Коло Муани за три минути даде два гола. Најпрво во 61. минута изедначи на 1-1, а во 64. погоди за комплетен пресврт и водство на Јуве од 2-1.

Течеше 90. минута кога Влаховиќ постигна прекрасен гол за предност од 3-1, а конечните 4-1 две минути подоцна ги постави Консеисао.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани