Како што пренесува Газета дело Спорт, Јувентус доставил последна понуда до Душан Влаховиќ, на маса е ставена едногодишна соработка со плата од 8 милиони евра по сезона.
„Старата дама“ не се откажува од идејата да го задржи Душан Влаховиќ, па на адреса на Србинот е испратена уште една, последна понуда.
Како што пренесува Газета дело Спорт, на маса е ставена едногодишна соработка со плата од 8 милиони евра по сезона, како и опција договорот да биде продолжен за додатни 12 месеци.
Иако краткорочниот договор на прв поглед делува како ризик, во реалноста може да биде решение што им одговара на двете страни. Јувентус би избегнал потрага по двајца нови квалитетни напаѓачи на трансфер пазар кој е комплициран, додека Душан Влаховиќ би останал во средина каде што се чувствува прифатено и комфорно.
Воедно, српскиот напаѓач би добил можност да сврти нов лист по тешката сезона обележана со повреди и проблеми со формата. Дополнителен мотив е што би продолжил да работи со тренер кој има голема доверба во него и кој отворено се залага за продолжување на неговиот престој во клубот.