Јувентус се извлече против Венеција и ќе игра во Лигата на шампиони! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Јувентус и покрај слабиот настап низ најголемиот дел од сезоната успеа да дојде до пласман во Лигата на шампионите откако вечерва ја победи Венција со 2:3.

Домаќинот поведе уште во втората минута преку Фила, но гостите од Торино до полувремето направија пресврт преку Јилдиз и Коло Муани, кој повторно доби предност пред српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, кој влезе во игра во второто полувреме.

Израмнувањето го донесе Хапс во 55. минута, но Мануел Локатели со погодок од пенал во 73. минута ги одведе „бјанконерите“ во Лигата на шампионите.

Поради победата на Јувентус на Рома не и беше доволен триумфот во Торино од 0-2. Интересно е што навивачите „биковите“ отворено бараа нивните фудбалери да изгубат сè со цел нивниот градски ривал да остане без ЛШ.

Прволигашкиот статус го задржа и Парма, која изненади со победа од 3:2 над Аталанта во Бергамо. Покрај Монца, во Серија Б се преселија Венеција и Емполи.

38. КОЛО СЕРИЈА А:

Аталанта – Парма 2:3

Емполи – Веротна 1:2

Лацио – Лече 0:1

Торино – Рома 0:2

Удинезе – Фиорентина 2:3

Венеција – Јувентус 2:3

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани