Јувентус сака уште три засилувања, но прво ќе прави огромна „чистка“

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувенту сака да донесе уште три засилувања до крајот на преодниот рок, но прво ќе мора да се ослободи од вишокот играчи, на листата за отстрел има десетина имиња.

„Старата дама“ ова лето инвестираше околу 100 милиони евра во ангажман на Рандал Коло Муани, Керим Алајбеговиќ, Џон Лукуми, Џеф Екатор и Гуљелмо Викарио, но Лучано Спалети се надева дека ќе добие уште три засилувања до крајот на преодниот рок.

Тренерот баран уште еден дефанзивец, фудбалер од средниот ред и ново име во нападот.

Фикајо Томори од Милан се посочува како опција за одбраната, Франк Кеси за средниот ред и Џошуа Зиркзе од Манчестер јунајтед за офанзивата.

Но пред да се реализира некоја од овие зделки, Јувентус ќе мора да прави огромна „чистка“, на излезна врата се околу десетина фудбалери.

Од голманот Ди Грегорио, до Гати, Кабал и Ругани во одбраната, Копмајнерс, Мирети и Артур во средниот ред и Нико Гонзалез и Давид во нападот.

ФОТО: X/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×