205
Првичниот план беше Суарез да го раскине договорот со Барселона од кој има уште една година и како слободен играч да потпише за Јувентус.
Јуве веќе има начелен договор со Суарез кој треба да потпише тригодишен договор со плата од околу 10 милиони евра по сезона.
Но трансферот не може да се случи ако Барселона не даде зелено светло.
Каталонскиот „Спорт“ пишува дека Јувентус би платил симболична сума за да го забрза трансферот. Нешто слично на Севиља која плати 1,5 милион евра плус девет во бонуси.
Ова веројатно би било прифатливо и за Барселона која нема да смета на Суарез во новата сезона, Куман веќе го извести Уругваецот дека може да си бара нов клуб.