Јувентус сака да го врати Конте!

by riste
1 минути читање

Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус сака да го врати Антонио Конте, тој да го преземе кормилото од наредната сезона.

Антонио Конте е на два меча до освојување на Скудетото со Наполи, но нејасно е дали ќе продолжи да го води овој тим или ќе замине. Како и неговите претходници и тој има проблеми со претседателот Аурелио Де Лаурентис.

Според дел од италијанските новинари меѓу кои и Џанлука Ди Марцио, Конте е број еден кандидат за клупата на Јувентус.

55-годишниот стратег е и играчка и тренерска легенда на Јувентус, а уште има куќа во Торино со неговото семејство.

Тој од 2011 до 2014 беше тренер на Јувентус и освои три последователни Скудета.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани