Јувентус сака да го искористи незадоволството во соблекувалната на Баерн, мерка тројца фудбалери

by
1 минути читање

Баерн Минхен има
многу проблеми оваа сезона, голем дел од фудбалерите се незадоволни, а Томас
Тухел реши летоска да се повлече од тренерското столче и да не го одработи во
целост договорот.

Според пишувањата
на Кориере дело Спорт, Јувентус сака да го искористи хаосот во соблекувалната
на „Алианц арена“ и да ги засили своите редови.

Весникот вели
дека особено се интересни три имиња, односно Леон Горецка, Лерој Сане и Нусаир
Мазрауи.

Се шпекулира дека
спортскиот директор, Кристијан Џинтоли веќе бил во Минхен, каде се сретнал со колегите
од Баерн, и разговарале за можни трансфери.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×