Јувентус раскрсти со најголемото трансфер промашување во својата историја

by bojan
1 минути читање

„Старата дама“ попладнево соопшти дека на взаемна согласност е раскинат договорот на Артур Мело, Бразилецот е најголемото трансфер промашување во историјата на Јувентус.

По шест години и неколку позајмици, Јувентус раскрсти со Артур Мело. Бразилецот пристигна во Торино во 2020, како дел од сомнителната трампа со Барселона, во која Миралем Пјаниќ заврши на „Камп Ноу“.

За фудбалерот од средниот ред беа платени 72 милиони евра, плус уште десетина милиони во бонуси, но наместо Артур Мело да биде големо засилување, се покажа како огромно промашување.

Тој не успеа да се наметне во првиот тим, забележа 63 настапи во шест години, беше испраќан и на позајмици во Ливерпул, Фиорентина, Жирона и Гремио.

Во краткото соопштение, „старата дома“ потенцираше дека договорот е спогодбено раскинат, и дека овој потег ќе значи финансиска загуба од околу 6 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×