Јувентус ќе му
даде целосна поддршка на Никола Фаџоли со цел играчот да ги надмине проблемите
и да застане на нозе.
„Старата дама“
имаше опција да му ја намали платата поради суспензијата, но раководството на
клубот решило да нема никакви промени на примањата и младиот фудбалер ќе добива
цела плата и во следните 7 месеци кога нема да игра.
Николо Фаџоли
исто така ќе продолжи да тренира со останатиот дел од тимот и под палката на
Макс Алегри, за да се чувствува како важен дел од екипата и проектот.
Останува да се
види дали тој ќе успее да си ја врати кариерата на прав пат и да се избори со зависноста од обложување поради која направил коцкарски долгови од околу 3 милиони
евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.