Јувентус веќе ја почна работата во летниот преоден рок, го продадоа Пјаниќ, а во Торино пристигна Артур Мело.
Според „Тутоспорт“, на листата на фудбалери кои се на продажба се уште и Игуаин, Кедира, Матуиди, Ругани, Де Шиљо и Бернанрдески.
Дополнително ќе бидат продадени и играчи на Јувентус кои се на позајмица во други клубови како што се Лука Пелегрини во Каљари и Кристијан Ромеро во Џенова. Тие ќе бидат продадени или ќе бидат дел од некоја размена.
Сепак, торинскиот весник смета дека нема да оди лесно продажбата со оглед на тоа што фудбалерите имаат високи плати во Јувентус, па неизвесно е дали ќе има клубови кои ќе можат да им понудат слични услови.
Јувентус има пад во формата во последните неколку кола, па раководството на клубот сака да му направи тим по мерка на Маурицио Сари, ќе се ослободат од играчите на кои тој нема да смета, а ќе му исполнат некои од неговите желби.