Јувентус немоќен, Манчестер Сити „пукна петарда“ против „старата дама“ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Манчестер Сити продолжуваат со импресивните настапи на Светското клупско првенство во САД, забележувајќи ја и третата победа во групната фаза, со која обезбедија прво место и директен пласман во осминафиналето. Во дербито од третото коло, избраниците на Пеп Гвардиола убедливо го совладаа италијанскиот великан Јувентус со 5-2, меч во кој англискиот шампион доминираше во сите сегменти од играта.

„Старата дама“ иако постигна два гола, сепак покажа премалку. Сити имаше над 75 проценти посед на топката и дури 20 обиди кон противничкиот гол, покажувајќи го целосно своето надмоќно темпо.

Натпреварот започна динамично и веќе во 9. минута, по одлична акција со Нури, белгискиот интернационалец Џереми Доку донесе водство за Сити. Само две минути подоцна, Копмајнерс возврати и израмни на 1-1, но тоа беше се што Јуве успеа да направи. Во 26. минута, дефанзивецот на италијанскиот тим Калулу си постигна автогол, па Сити со водство отиде на пауза.

Во вториот дел, англискиот шампион продолжи во ист стил. Ерлинг Халанд, кој влезе од клупата, зголеми на 3-1, а следуваше и погодок од Фил Фоден. Еден од најубавите моменти на натпреварот го приреди Силвињо, кој во 74. минута на спектакуларен начин ја погоди мрежата на Јувентус за 5-1. Во самиот финиш, Душан Влаховиќ само го ублажи поразот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×