177
Роналдо утре полни 36 години, но се уште игра на највисоко ниво и е во центарот на плановите на Андреа Пирло.
Оваа сезона на 23 натпревари има дадено 22 голови. Португалецот нема пад во формата, па Јувентус сака да го продолжи неговиот престој.
Актуелниот договор на Роналдо со Јуве трае до јуни 2022 година, а италијанските медиуми тврдат дека Јувентус наскоро ќе му понуди нов со трајност за една година повеќе, до јуни 2023 година.