Јувентус не може вечно да го чека Суарез, старата дама крои и други планови

by
1 минути читање

Суарез останува прв избор, но Јувентус не остава ништо на случајот, додека го чека Уругваецот крои и план Б.

Луис Суарез преговара со Барса околу начинот на кој ќе го напушти клубот, а дополнително треба да добие и италијански пасош бидејќи Јувентус ги има пополнето местата за фудбалери кои доаѓаат надвор од границите на ЕУ.

Сезоната во Серија А почнува следниот викенд, а Јувентус нема централен напаѓач бидејќи раскина со Гонзало Игуаин кој одлета во Мајами кај Дејвид Бекам.

„Скај Спорт Италија“ тврди дека напаѓачот на Евертон кој таму беше продаден од Јуве е мета на италијанскиот шампион.

А како нова опција се споменува и напаѓачот на Челси, Оливие Жиру. Лампард сега има многу опции во офанзивата, па голема е веројатноста да се откажат од Французинот.

Се пишува дека Челси за трансферот на Жиру сака пет милиони евра, а напаѓачот би прифатил двегодишен договор со плата од по 4,5 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×