Јувентус најде стопер за кој нема да треба да плати ништо

by Стефан
1 минути читање

Јувентус тргна по засилување во одбраната, а главна цел на клубот од Торино е англискиот стопер Џон Стоунс, пренесуваат италијанските медиуми.

Според познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, Јувентус веќе стапил во контакт со Стоунс за да ги договори личните услови околу евентуалниот трансфер.

„Старата дама“ ќе остане без Бремер, кој според најавите е пред преселба во Галатасарај, додека преговорите за Џон Лукуми се во застој, бидејќи Болоња не е подготвена да ја намали бараната сума од 25 милиони евра за колумбискиот дефанзивец.

Триесет и двегодишниот Стоунс го напушти Манчестер сити на крајот од јуни, по десет години минати на „Етихад“, каде што ги освои речиси сите најзначајни трофеи на клупско ниво.

Искусниот англиски репрезентативец неодамна го освои бронзениот медал на Светското првенство со Англија, а покрај Јувентус, интерес за неговите услуги покажува и Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×