Бекот на Јувентус, Андреа Камбијасо е желба на неколку клубови ова лето, а како што пренесува Газета дело Спорт, на адреса на „бјанконерите“ пристигнале понуди за трампа и од Барселона, и од Челси.
Без настап во Лигата на шампиони, Јувентус ова лето ќе треба да продава за да ги балансира сметките, одредени извори велат дека еден фудбалер ќе мора да биде жртвуван до крајот на јуни за да се оствари капитална добивка и да се исполнат правилата за Финансиски фер плеј.
Андреа Камбијасо се посочува како едно од имињата кои се на излезна врата, интерес за неговите услуги пријавуваат неколку клубови, а како што пренесува Газета дело Спорт, Барселона и Челси се најконкретни.
Интересно е тоа што двата клуба на Јувентус му предлагаат трампа.
„Каталонците“ го нудат Роналд Араухо, плус пари, со цел да дојдат до потписот на Андреа Камбијасо, додека пак Челси го ветува Николас Џексон како дел од пакетот.
Останува да се види дали „старата дама“ ќе биде заинтересирана за една ваква зделка, или ќе инсистира да добие само кеш.
ФОТО: X/JuventusFC