Јувентус на платниот список ќе има тројца први тренери!

by 24 фудбал
1 минути читање

Јувентус донесе тешка одлука и му врачи отказ на Игор Тудор по слабата серија резултати, иако токму хрватскиот стратег минатата сезона го стабилизираше тимот и обезбеди место во Лигата на шампиони.

Оваа кадровска промена создава и дополнителни финансиски проблеми во Торино. „Старата дама“ ќе мора да исплаќа три тренери во исто време: новиот предводник, Игор Тудор и неговиот претходник Тијаго Мота.

Според информациите од Италија, клубот веќе издвоил 16.3 милиони евра за покривање на платата на Мота и неговиот стручен штаб до истекот на договорот во 2027 година, доколку тој претходно не најде нов клуб. Тудор потпиша договор до 2027 година и ќе инкасира 11 милиони евра по основ на бруто плата без вклучени примања за неговите помошници.

Финансиски тоа значи сериозен товар, а спортски Јувентус сега мора брзо да пронајде решение кое ќе донесе резултати на терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×