Јувентус му предложил трампа на Манчестер јунајтед, „старата дама“ сака да го добие Џејдон Санчо, а на Олд Трафорд да се пресели еден од Даглас Луиз, Душан Влаховиќ или Тимоти Веа.
Јувентус минатото лето имаше обид да го ангажира Џејдон Санчо, но не успеа во намерата откако Челси со доцна понуда го убеди Англичанецот да се пресели на Стемфорд Бриџ.
„Старата дама“ сега го обнови интересот и кова планови како може да го донесе напаѓачот во Торино.
Последните информации велат дека Јувентус не сака да одвои 25 милиони фунти колку што бара Манчестер јунајтед, па предлага трампа.
На „ѓаволите“ им е дадена опција да одберат еден од тројца играчи – Даглас Луиз, Душан Влаховиќ и Тимоти Веа.
И покрај обидите на Јувентус да ја направи зделката привлечен, се чини дека Манчестер Јунајтед во моментов не загризува за спектакуларна трампа, и не пројавува интерес за ниту еден од тројцата понудени играчи.
ФОТО: X/Manchester United