156
Се веруваше дека Ди Марија ќе биде ново засилување на Јувентус, но тој го одолговлекува потпишувањето на договорот поради желбата да заигра за Барселона.
Според последните информации од медиумите, тој приоритет дава на потпис за Барселона, а тоа не му се допаѓа на раководството на Јувентус.
Според „Газета дело Спорт“, Јувентус му дал ултиматум од само 24 часа на Ди Марија да се изјасни дали ќе потпише за нив.
Доколку не добијат одговор, тие ќе ја затворат вратата за него и ќе се насочат кон други трансфер цели.