Јувентус му даде четири гола на Емполи а можеше барем уште толку многу (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на
Макс Алегри веројатно ја имаа најдобрата партија од почетокот на сезоната, му
дадоа четири гола на Емполи а можеа барем уште толку многу.

Кејн го отвори
резултатот во 8. минута, одлично реагираше по една нафрлена топка на Костиќ и
донесе 1-0.

Можеби акциите не
знаеа да ги претворат во гол, но затоа „бјанконерите“ беа опасни по корнери. Најпрво
Мекини зголеми на 2-0 во 56. минута, за Рабиo во 82. минута да го погоди за 3-0 по едно ново одлично нафрлување на Квадрадо.

Длабоко во судиското
надополнување, Рабио рутински реализираше и ги постави конечните 4-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×