Сергеј Милинковиќ
Савиќ е дамнешна желба на Јувентус и се чини дека „старата дама“ ова лето има најреални
шанси да стигне до потписот на Србинот.
Популарниот СМС
има само уште една година од договорот и Лацио е приморан драстично да ги
намали барањата, за трансфер сега се потребни 40 милиони евра.
Како што
пренесува Кориере дело Спорт, во понеделник ќе има средба помеѓу директорите на
двата клуба и ќе биде доставен конкретен предлог.
Јувентус на маса
ќе ги стави Лука Пелегрини и Николо Ровела, двајца играчи кои се по мерак на
Маурицио Сари, плус определена сума на пари.
Останува да се
види дали ова ќе биде доволно за Клаудио Лотито конечно да даде зелено светло
за продажба на Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.