„Старата дама“ денеска се раздели со Игор Тудор, па наскоро на платен список ќе имаат тројца тренери.
Летото во 2024 година, Јувентус се реши за нов проект под водство на Тијаго Мота, кој доби договор до јуни 2027 година.
Стратегот сепак не издржа ниту една година, и во март доби отказ, но остана на платен список.
Игор Тудор беше донесен како привремено решение, и откако успеа да донесе топ четири финиш и настап во Лигата на шампионите, и тој доби договор со трајност до јуни 2027 година.
Но „старата дама“ не ја отвори сезоната како што посакуваше, влезе во резултатска криза, нема победа на осум натпревари, а на последните три забележа пораз.
Па раководството на Јувентус утрово реши да се раздели и со хрватскиот стратег, и во иднина ќе има тројца тренери на платен список.
Што се однесува до новиот предводник, медиумите од Италија шпекулираат дека две имиња се издвојуваат, односно Лучано Спалети и Рафаеле Паладино.
ФОТО: X/JuventusFC