329
Слично како и на
првиот натпревар помеѓу Јувентус и Верона оваа сезона, „старата дама“ стигна до нова победа со
еден гол постигнат од Моизе Кин во второто полувреме.
Вечерва во
Торино, во 56. минута од натпреварот, напаѓачот доби топка од Локатели и ја
затресе мрежата на противникот.
Со овој триумф,
Јувентус сериозно тропа на топ 4 пласман и покрај казната од -15 бода, „старата
дама“ има четири помалку од Милан и шест помалку од Интер.