Јувентус ја победи Рома и ја прескокна волчицата на табелата во Серија А (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Јувентус релативно лесно ги освои трите бода од дуелот со Рома. Резултатот го отвори Роналдо уште во 13. минута.

Тој резултат беше актуелен се до 69. минута кога Ибанез си постигна автогол.

Рома се обидуваше да се врати во игра, целата завршница се играше на половината на Јувентус, но домаќините одлично се бранеа, па не дозволија ниту посериозна шанса од гостите.

Со овие три бода Јувентус се искачи на третата позиција на табелата во Серија А има и меч помалку од Интер и Рома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×