„Старата дама“
имаше кошмарен старт на средбата со Салернитана, примија гол во првата минута,
Гати погреши при едно додавање, а Иквуемеси погоди за 0-1 и голема радост на
гостите.
Но во
продолжението се беше во полза на Јувентус, Мирети изедначи на 1-1 во 12. минута,
а Камбијасо донесе предност од 2-1 во 35. минута.
По десетина
минути игра во вториот дел, Ругани зголеми на 3-1, Брон си постигна автогол за
4-1, а во финишот, младиот Јилдиз нанижа неколку противници, постигна ново
„голазо“ и покажа дека е страшен талент
.Во судиското
надополнување имаше време за уште еден гол, Веа прекрасно погоди од далечина и ги постави конечните 6-1 и го
запечати пласманот во четвртфинале во Купот на Италија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.