Јувентус и Рома се сè поблиску до договор за Заниоло, позната е формулата, треба да се договори уште сумата

by
0 минути читање

Според „СпортМедиасет“, Рома нема да го продаде Заниоло за помалку од 50 милиони евра. Тоа е сума која му е голема на Јувентус, па се бара начин како да се реализира трансферот.

Последната идеја е Заниоло во Јувентус во првата сезона да игра на позајмица за 10 милиони евра, а потоа клубот да има обврска целосно да го откупи за 40 милиони евра.

Торинскиот клуб сака да создаде офанзивно трио Киеза – Влаховиќ – Заниоло, иако се очекува во наредните денови да биде комплетиран и трансферот на Ди Марија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×