Јувентус и Рома имаа најдобар преоден рок во Серија А

by
1 минути читање

Јувентус го продаде Де Лихт, си замина Дибала како слободен играч, Алегри се ослободи од Артур кој не му беше во плановите, но клубот донесе вистински замени.

Во Јувентус дојде Бремер од Торино кој е и најскапиот трансфер во Серија А ова лето и се покажува како одлична земена за Де Лихт, потоа пристигнаа Пол Погба, Анхел Ди Марија, Филип Костиќ и Леандро Паредес. 

Рома потроши само 7 милиони евра за Зеки Челик, а заврши фантастична работа. Како слободни играчи ги донесе Пауло Дибала, Немања Матиќ и Миле Свилар, а на позајмица пристигнаа Џини Вајналдум и Меди Камара.

„Газета дело Спорт“ на Јувентус и Рома им даде оценка 8.

Оценките на „Газета дело Спорт“ за преодниот рок на клубовите од Серија А:

Јувентус, Рома 8

Милан, Наполи, Торино 7,5

Интер 7

Фиорентина, Лацио, Лече, Салернитана 6,5

Аталанта, Болоња, Кремонезе, Монца, Сасуоло, Удинезе 6

Емполи, Сампдорија, Верона 5,5

Специја 5

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×