65
Јувентус во САД ќе одигра три пријателски меча, против Депортиво Гвадалахара, Барселона и Реал Мадрид.
Алегри од тимот ги изостави Артур, Адриен Рабио и Арон Ремзи. Артур официјално има повреда, но медиумите пишуваат дека се работи на негово заминување. Слична е ситуацијата со Рабио, а официјалната причина што не е тој во составот се „лични причини“. Рамзи во моментов е во разговори за раскинување на договорот со клубот.
Оние кои од вистински причини нема да одат на турнејата во САД се Федерико Киеза, Каио Жорге и Матиа Де Шиљо, сите тројца се отсутни поради повреди.
I convocati per lo Juventus Summer Tour 22 #JuveOnTheRoad powered by @Jeep_People
— JuventusFC (@juventusfc) July 21, 2022