Јувентус го одбил првиот предлог на Баерн за Де Лихт, еве што понудил денеска Салихамиџиќ

by
0 минути читање

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ денеска пристигна во Торино и се сретна со колегите од Јувентус да разговараат за трансфер на Матајс де Лихт.

Како што пренесува Билд, на маса бил ставен предлог вреден 60 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

И новинарот Џовани Албанезе излезе со слични информации, понудата на „баварците“ била 60+10 милиони евра.

Одговорот на Јувентус бил негативен, „старата дама“ бара повеќе за да се раздели со Холанѓанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани