Јувентус го договори наследникот на Влаховиќ

by bojan
1 минути читање

Ангажман на нов напаѓач е приоритет на Јувентус ова лето и последните информации велат дека „старата дама“ си подала рака со Александер Сорлот, сега ќе треба да се испегла и договорот со Атлетико Мадрид.

Душан Влаховиќ ќе го напушти Торино, а се очекува да си заминат и Луис Опенда и Жонатан Давид, па Јувентус ќе инвестира во засилувања за нападот.

Подолго време се работи на враќање на Рандал Коло Муани, а последните информации велат и за ангажман на Александер Сорлот.

Медиумите од Италија пренесуваат дека директорите на „старата дама“ разговарале со агентите на Норвежанецот и си подале рака за четиригодишна соработка и плата од 4 милиони евра по сезона (еден милион повеќе од тоа што напаѓачот во моментов го заработува во Атлетико).

Јувентус сега ќе треба да седне на маса и со Атлетико и да испегла дил со клубот од „Метрополтано“.

Се верува дека 30 милиони евра ќе бидат доволни, а „старата дама“ ќе се обиде да го вметне Нико Гонзалез во зделката.

Аргентинецот минатата сезона ја помина на позајмица во Мадрид, но Атлетико не ја активираше откупната клаузула вредна 32 милиони евра за перманентен трансфер.

Јувентус планира сега да даде попуст, односно 25 милиони евра плус бонуси, и на овој начин да го финансира ангажманот на Александер Сорлот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×