113
Погба конечно заигра за Јувентус откако изминатото лето се врати во клубот. Тој денеска ги одигра последните 25 минути од мечот кој неговиот тим го доби со 4-2.
Торино почна идеално и веќе во втората минута со гол на Карамо поведе со 1-0. Во 16. минута Квадрадо го изедначи резултатот на 1-1.
Санабрија во 43. минута го врати водството на Торино, но во судиското продолжение од првиот дел Данило погоди за 2-2.
Во вториот дел подолго се чекаше на погодок, конечно тоа се случи во 71. минута кога Бремер погоди за водство на Јуве од 3-2, а десет минути подоцна Рабио ги постави конечните 4-2.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.