75
Тензијата во Јувентус достигна врв по поразот од Фиорентина, кој дополнително ја искомпликува битката на „старата дама“ за место во Лигата на шампионите.
Во текот на натпреварот дојде до вербален конфликт меѓу Душан Влаховиќ и Мануел Локатели, а раководството на клубот решило двајцата да ги казни парично. Иако постоела можност и за построги санкции, во Торино сепак се решиле само за финансиска казна, со оглед на важноста на двајцата фудбалери во финишот од сезоната.
Во пресрет на последното коло пред крајот на сезоната во Серија А Јувентус се наоѓа на шестата позиција и сѐ уште има шанси за пласман во Лигата на шампионите. Следен предизвик за тимот е градското дерби против Торино.