Јувентус лошо ја
отвори сезоната, „старата дама“ заостанува 10 бода зад лидерот Наполи и доживеа
елиминација во групната фаза од Лигата на шампиони.
Има многу
прашалници за иднината на Макс Алегри, се верува дека работата на стратегот во
моментов е сигурна, но раководството на Јувентус има се повеќе сомнежи дека тој
не е правиот човек за започнување нов победнички циклус и големи се шансите во
следниот период да дојде до промена на кормилото.
Според пишувањата
на Газета дело Спорт, Антонио Конте е главен кандидат да го наследи Масимо
Алегри во 2023 година.
Тотнем сака да го
задржи Италијанецот, му нуди нов богат договор и плата од 20 милиони евра по
сезона, но како што пренесува ГДС, стратегот одбива да седне на преговори
бидејќи е свесен дека може да му се укаже шанса за враќање во Јувентус.
Весникот исто
така додава дека пред неколку месеци Антонио Конте ги расчистил недоразбирањата
со претседателот Андреа Ањели и двајцата сега се во добри односи, па нема да
има пречки во преговорите.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.