684
26-годишниот Дибала имаше 11 голови и 11 асистенции во Серија А изминатата сезона и беше омилениот меѓу фановите на Јувентус.
Но, „Кориере дело Спорт“ тврди дека Јувентус ќе прифати понуда за Дибала ако таа е околу 100 милиони евра.
Премиерлигата е можната дестинација за Дибала доколку тој треба да си оди од Јувентус. Повторно може да се активира Манчестер јунајтед кој изгледа ја загуби шансата да го купи Санчо откако Дортмунд рече дека тој останува таму и следната сезона.
Сепак фановите на Јуве се надеваат дека ова се само обични шпекулации на весникот и Дибала и во наредните години ќе го носи црно-белиот дрес.