Јувентус е блиску до ангажман на Депај, за денеска се закажани нови разговори

by
0 минути читање

Мемфис Депај веќе има начелен договор со Барселона за раскинување на договорот, па како слободен играч би се преселил во Јувентус.

Јувентус и Депај водат преговори за неговите лични услови, за денеска е закажана нова рунда разговори по која работите ќе бидат појасни.

Информациите велат дека преговорите се одвиваат позитивно и големи се шансите тој во наредните денови да пристигне во Торино.

Јувентус мака мачи со повреди, Алегри не може да смета на Ди Марија, Погба и Киеза, па сака што побрзо да се реализира трансферот на Депај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×