Кризата на Јувентус се продлабочува, денеска загубија со 1-0 на гостувањето кај новајлијата, Монца.
Тимот на Алегри одигра лош меч, а проблемите значително се продлабочија во 40. минута кога Ди Марија поради удирање со лакт во гради доби црвен картон., Јувентус остана со играч помалку.
Монца тоа го искористи во 74. минута кога со гол на Гиткјер поведе со 1-0 што беше и конечен резултат. (Голот може да го видите на овој ЛИНК)
По овој пораз се позивесно е дека Масимо Алегри ќе добие отказ, тоа е само прашање на време.
Во другите два меча од овој термин Лацио со убедливи 4-0 победи на гостувањето кај Кремонезе, а Фиорентина со 2-0 ја совлада екипата на Верона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.