Jувентус договори дефанзивец за 22 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Јувентус е на чекор до реализација на трансферот на Џон Лукуми од Болоња, тврдат последните информации од Италија. Колумбискиот дефанзивец треба да биде ново засилување за одбраната на „старата дама“.

Лукуми во Болоња пристигна пред четири години од белгиски Гент, но по завршувањето на летниот преоден рок се очекува да има нов клуб. За 28-годишниот стопер интерес покажаа и неколку премиерлигаши, меѓу кои Нотингем Форест, Сандерленд и Њукасл, но најконкретна била понудата од Торино.

Според италијанските медиуми, Лукуми во Јувентус ќе има годишна плата од 2,5 милиони евра, со можност за дополнителни бонуси. Болоња, пак, би требало да заработи 20 милиони евра од трансферот, плус уште два милиони преку бонуси.

Доколку нема непредвидени проблеми, Лукуми во недела треба да пристигне во Торино на лекарски прегледи. По нивното успешно завршување, се очекува да стави потпис на договор со Јувентус до јуни 2031 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×