Јувентус добил ултиматум од Лукаку и Челси

by
1 минути читање

Лукаку му заби „нож во грб“ на Интер откако почна преговори со Јувентус, па сега само старата дама е опција за него, други заинтересирани нема.

Според „Кориере дело Спорт“, од таборот на Лукаку му соопштиле на Јувентус дека ќе ги чекаат до крајот на неделата, а потоа ќе почнат да разгледуваат други опции. Сличен бил ставот и на Челси.

Цената на Лукаку која ја одреди Челси е 40 милиони евра. Јувентус сака прво да го продаде Влаховиќ за 80 милиони евра, но засега нема купувачи за српскиот напаѓач.

Лукаку има понуди од Саудиска Арабија, тој преферира да остане во Европа, но освен Јувентус не се поврзува со други екипи засега.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани