Јувентус добил дојава за истрагата па затоа е откажан трансферот на Суарез?!

by
1 минути читање

Луис Суерез и
неговиот тест за италијанско државјанство продолжува да биде топ тема на „чизмната“.
Последните информации велат дека Уругваецот раазговарал со обвинителите од
Перуџа и признал дека однапред ги добил прашањата и одговорите.

Напаѓачот исто
така открил дека на крајот од август со Јувентус постигнал пред-договор за
трансфер во Торино, но на неколку дена пред да го полага тестот, сосема
неочекувано, спортскиот директор Фабио Паратичи ги известил неговите агенти
дека зделката пропаѓа.

По ваквиот исказ
на Луис Суарез, обвинителството сега се сомнева дека Јувентус добил дојава за
истрагата во универзитот и испитниот центар, па затоа „старата дама“ се откажала од трансферот на
напаѓачот.

Четворица вработени
во универзитетот веќе се суспендирани, а продолжува истрагата против спортскиот директор Фабио Паратичи, откако
се покажало дека Јувентус, на највиско институционално ниво се обидел да
го забрза процесот со кој Луис Суарез требал да добие италијански пасош.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×