258
Искусниот напаѓач
Единсон Кавани наводно ја одбил можноста да се пресели во редовите на Јувентус,
а таквата одлука Уругваецот ја донел поради неговиот поранешен клуб Наполи, кој
е голем ривал со „Старата дама“.
33 годишниот
Кавани си замина од ПСЖ и веќе е слободен играч на трансфер пазарот откако му
истече договорот со францускиот првак, па периодов е во потрага по нов клуб за
што има повеќе опции.
Кавани постигна
104 погодоци во дресот на Наполи каде одигра 138 натпревари, а изминатиов период
беше поврзуван со неколку клубови, особено со Атлетико Мадрид.