Тимот на Јувентус вчера стигна до првиот триумф под водство на новиот тренер Лучијано Спалети, совладувајќи ја екипата на Кремонезе со 2-1. По натпреварот, напаѓачот Душан Влаховиќ упати критика кон поранешните стратези на клубот.
Од доаѓањето на Влаховиќ во Торино, тимот го водеа Масимилијано Алегри, Тијаго Мота и Игор Тудор, а српскиот голгетер смета дека сите тие направиле одредени грешки во пристапот.
„Имавме погрешни навики од претходниците на Спалети. Се спуштавме премногу назад без причина. Најважно сепак на крајот е што освоивме три бода. Кога сум јас во прашање, добро се чувствувам и подготвен сум да работам за тимот. За формацијата одлучува тренерот, јас сум тука да ја одработам задачата која ќе ми ја даде“, изјави Влаховиќ.
По десет одиграни кола, Јувентус има 18 бодови и се наоѓа на петтото место на табелата во Серија А.