Јуве ризикува да остане без својата млада ѕвезда поради неколку трактори

by
2 минути читање

17 годишниот
напаѓач се најавува како следната голема ѕвезда и оваа сезона стана првиот
играч роден во новиот милениум кој одигран натпревар и постигнал гол во Серија
А.

Мино Рајола се
грижи за кариерата на Моисе Кин, но контроверзниот агент не е тој што прави
проблеми во преговорите за продолжување на договорот.

Таткото на
фудбалерот во разговор со Тутоспорт открива дека „Старата Дама“ не му го
исполнила ветувањето за нови трактори, па можно е преговорите да бидат неуспешни.

Биору Кин е
фармер во родната Брег на Слоновата Коска, и Јувентус дал збор дека ќе му
помогне со купување на нова механизација.

Јувентус понуди
годишна плата од 700.000 евра, и тоа е сосема во ред
– вели таткото на Моисе Кин.

„Но тие исто така
ми ветија и неколку трактори за мојот бизнис со земјоделие во Брег на
Слоновата Коска
. 

„Сепак, сега не
сакаат да го одржат дадениот збор и велат дека нема пари во буџетот
.

Тој исто така
вели дека нема потпишано ништо со Мино Рајола, и додава дека преферира неговиот
син да има друг агент.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани